Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Бен Фостер, го споредил својот колега Давид Де Хеа со Лионел Меси.
Фостер, од оваа сезона е во Вотфорд, а во саботата можеше во живо да види за што е способен Де Хеа.
„Тој е Меси меѓу голманите. Неколку години е најдобар во светот. Апсолутно е брилијантен. Некои од неговите одбрани во клучните моменти од натпреварот ве оставаат без здив. Ској што сака да стане врвен голман треба да го гледа Де Хеа. Тој е светска класа. Мислам дека тој е природен талент, бидејќи имам слушнато дека не тренира премногу. Тренингот не може да му донесе ништо ново. Но на денот на натпреварот адреналинот се зголемува и тогаш Де Хеа се буди. Мислам дека такви работи не се учат“, смета Фостер.
Манчестер јунајтед, во саботата, победи во Вотфорд со 2:1, а големи заслуги за победата има токму Де Хеа, кој во последните три минути со две одбрани го спаси својот тим.