Top Sport

Фостер: Диего Коста е гнасен глушец, Видиќ не е нормален

Голманот на Вотфорд, 37-годишниот ветеран Бен Фостер, во еден подкаст, открил бројни детали од кариерата. Фостер пет години од кариерата минал во Манчестер јунајтед.

Фостер најмалку сакал да игра против Диего Коста, се плашел од Рој Кин, а за Немања Видиќ рекол дека е „болен ум“.

„Диего Коста, навистина е мал, гнасен глушец. Секогаш нешто зборува, гребе, влече за дрес, противниците не се мирни од него. Пртив него ниту секунда не можете да дишете. Сличен е и Луис Суарез, ужасно е да се игра против него. И тој и Диего Коста се победници. Секогаш сакате да имате такви играчи во својот тим“, рекол Фостер и дополнил.

„Кратко бев соиграч со Рој Кин, морам да признам се плашев од него. Многу опасен лик, со него немаше простор за шега. Видиќ е „болесник“. Тој беше подготвен главата да ја стави пред нечија нога само да не дозволи топката да влезе во голот. Да „болесник“. Различна приказна беше Карлос Тевез. Тој е најлошиот играч што сум го гледал некогаш на тренинг. На тренинзите не постоеше, не го интересираше тоа“.

Scroll to Top