Top Sport

Фостер прими осум гола од Сити: Се молев да не примам десет

Манчестер сити во саботата го декласираа тимот на Вотфорд со 8:0. Неколку дена по натпреварот голманот на Вотфорд, Бен Фостер, открива како се чувствувал против четата на Пеп Гвардиола.

„Воопшто не ни беше забавно. Како голман можам да кажам дека кога доаѓате на „Итихад“ може да биде среќни ако примите еден или два гола. Кај нас приказната заврши по 50 секунди кога го примивме првиот гол. Кога во првите 20 минути примивме пет гола си помислив: „Боже па разликата би можела да биде двоцифрена“. Беше брутално. Овој тим на Сити е најдобриот против кого сум играл“, рекол искусниот голман и дополнил.

„Прашање на време е кога некој ќе прими десет гола од нив“.

Scroll to Top