Foto/ EPA
Трансфер-инсајдерот Фабрицио Романо го доби дресот кој го носеше Столе Димитиревски на вчерашниот натпревар против Барселона (1:1).
Рајо Ваљекано полека станува „црна мачка“ за Барселона. Каталонците немаа победа над Рајо во изминатите пет натпревари. Тренерот Чави, на четири натпревари ја предводел Барселона против Рајо Ваљекано и има скор од две нерешени и два порази.
Вчера, Рајо имаше предност со голот на Унаи Лопез, а изедначи Лежен со авто-гол во 80.минута.
По завршувањето на натпреварот еден од најпознатите новинар во светот, Фабрицио Романо се сретна со македонскиот репрезентативец, доби подарок и веднаш се пофали на социјалните мрежи.