Италијанскиот професионален фотограф Масимо Ловати изјави дека ќе бара отштета од тимот на Бреша, откако Марио Балотели при излегувањето од игра на мечот Џенова-Бреша му го „шутнал“ фотоапаратот.
Инцидентот се случин на второто полувреме на „Мараси“, кога Балотели излезе од игра за да направи место за Алфредо Донарума. Ловати вели дека неговиот фотоапарат бил поставен покрај теренот како и обично со далечински управувач кога Балотели стапил на сцена.
„Кога г-динот Балотели беше повикан на клупата, тој го искористи апаратот како фудбал и го шутна во рекламното пано. Момчето кое ги собира топките веднаш ме повика. Апаратот е видливо оштетен и веќе не работи. Тоа покажува непочитување кон мојата професија. Контактирав со луѓето од Бреша и сакам ги покријат трошоците за поправка“, пишува Ловати.