Бразилскиот фудбалер Даниел Кореа се „фалел“ со фотографиите со жена во кревет, што било главната причина за неговото брутално убиство, тврдат бразилските фудбалери.
24-годишниот фудбалер на Сао Пауло, Кореа, беше пронајден со речиси отсечена глава и кастриран, по што бразилскиот бизнисмен Едсон Бритес Жуниор призна дека го убил бидејќи тој ја силувал неговата сопруга на роденденската забава на нивната ќерка.
Сега, бразилските медиуми тврдат дека токму овие фотографии биле „фитилот“ кој го натерал Бритес Жуниор да го убие во „момент на лудило“.
„Тука можам да спијам. Има неколку жени во собата. Јас сум со мајката на девојката која слави роденден, а и таткото е тука“, била последната порака која Кореа ја пратил преку „Ватсап“.