Top Sport

„FourFourTwo“ ги избра најдобрите 50 во Премиерлига, Ван Дајк на врвот

Реномираниот британски магазин „FourFourTwo“ ги избра 50-те најдобри играчи во англиската Премиерлига според нивниот учинок во актуелнава сезона. Изборот не бил воопшто лесен ако се знае дека според многумина, во моментов Премиерлигата е најквалитетна во светот. Посебно тешко било да се одберат најдобрите 10 играчи.

Меѓу топ 10 играчи нема место за Кореецот Јонг-мин Сон од Тотенхем, тој е на 11. позиција. Во најдобрите 10 нема место ниту за двоецот на Арсенал, Александер Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг. Изненадување или не, во ова одбрано друштво нема место ниту за Пол Погба од Јунајтед и за Фернандињо од Сити.

Голманот на Ливерпул, Бразилецот Алисон е дури на 25. место

Најдобар играч оваа сезона во Премиерлигата, според „FourFourTwo“ е Вирџил ван Дајк, стоперот на Ливерпул. По него следи Бернардо Силва од Манчестер Сити, а трет е негоиот клупски колега, Рахим Стерлинг. Местото четири е за играчот на Челси, Еден Азар, додека петти е голгетерот на „црвените“, Садио Мане.

Листата со најдобрите десет ја сочинуваат уште Мохамед Салах, Серхио Агуеро, Хари Кејн, Емерик Лапорт и Андри Робертсон.

Тука погледнете ја комплетната листа: https://www.fourfourtwo.com/features/best-players-premier-league-201819

Scroll to Top