Фрајбург го совлада второпласираниот тим на Борусија Менхенгладбах со 3:1 во првиот меч од деветтото коло од Бундеслигата.
Фрајбург дојде во водство уште во првата минута од мечот по досудениот пенал, кој сигурно го реализираше Нилс Петерсен, пред во 20. минута гостите да израмнат, повторно со гол од пенал. Хајнц направи фаул во шестнаесетникот, а Торген Азар, братот на многу попознатиот Еден израмни на 1:1
Одлучувачкиот гол на „Шварцвалд“ го постигна Лука Валдшмит во 57. минута од мечот по одличното нафрлање на Хаберер, а Лукас Хелер во 91. минута ја потврди победата. Фрајбург е на осмото место на табелата со 12 поени, а Менхенгладбах останува на второто место со 17 поени.
Фото: ЕПА