Франција на „Стад де Франс“ ја имаше првата мајска контрола пред Мундијалот, победувајќи ја рутински Република Ирска со 2:0.
Победникот на мечот беше решен за пет минути во финишот на првото полувреме, кога прво напаѓачот на Челси, Оливие Жиру беше најснаодлив во шестнаесетникот на Ирците во 40. минута, за во 44. минута, Набил Фекир од Лион, фудбалерот за кој се „тепа“ пола Европа, да го изненади ирскиот голман.
Ирска во поголемиот дел беше како посилен спаринг-партнер на „галските петли“, посебно бидејќи во првото полувреме поседот на топка беше 85:15 за Французите.