Top Sport

Француски великани се наоѓаат пред банкрот

Неколку клубови во Франција се наоѓаат во тешка финансиска ситуација пишуваат медиумите во оваа земја. Поради кризата што ја предизвика коронавирусот професионалните клубови ќе добијат заем од 200 милиони евра, но прашање е дали оваа сума може да ги покрие нивните трошоци.

Најмногу пари клубовите загубија од ТВ права. Бидејќи сезоната е прекината „Канал+“ одби да им ги исплати парите за последните четири месеци од сезоната.

Поради тоа, медиумите тврдат, дека пред банкрот се великаните на францускиот фудбал Олимпик Марсеј, Бордо и Сент Етиен. Минусот на овие клубови само во претходната сезона 2018/2019 изнесувале 160 милиони евра.

Според прогнозите до крајот на јуни француските клубови ќе бидат во дефицит од 430 милиони евра.

Scroll to Top