Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Грет предлага враќање на фудбалот во земјата во јуни со две куп-финалиња.
Според Ле Грет, финалето од Францускиот куп помеѓу Пари Сен-Жермен и Сент-Етјен може да се одигра на 13 или на 20 јуни, по што ќе следува и финалето на Лига купот помеѓу ПСЖ и Лион три дена подоцна. Според него, ова би означило симболичен рестарт на професионалниот фудбал.
„Така ќе го вратиме имиџот на професионалниот и аматерскиот фудбал. Рестартот на шампионатот уште не е одложен, но календарот е флексибилен. Додека некој не се спротистави, ова е планот“, вели Ле Грет.
Условниот рестарт на Лига 1 е постсавен за 17 јуни, но Ле Грет признава дека прво се чека одобрение од владата.
„Клучот е кај министрите, а волјата кај клубовите. За нас приоритет е завршување на шампионатот, според препораките на УЕФА“, додава Ле Грет.