Top Sport

Францускиот тим Рен не може да си ги најде трофеите

Претседателот на Стад Рен, Оливие Летанг мораше да признае дека ниту тој, ниту било кој во клубот не знае каде се двата трофеи од Куп де Франс кој клубот ги има освоено.

Рен беше шампион во Францускиот куп во 1965 и 1971 година, но при изградбата на музејот посветен на неговата историја, во клубот сфатиле дека трофеите едноставно ги нема. Летанг го призна ова на состанокот на историскиот клуб на Рен на стадионот„Роажон“.

„Двата трофеи од Купот на Франција исчезнаа и никаде не можеме да ги најдеме. Неверојатно. Веруваме дека некој ги има украдено и сега побаравем да ни се дадат копии“, изјави Летанг.

Ова се двата најголеми трофеи во 116-годишната историја на клубот, бидејќи покрај тоа имаат освоено само уште две титули од Лига 2 (втората лига) во 1950-тите и во 1983 година.

Scroll to Top