Top Sport

Французинот Нзонзи од Рома на позајмица во Галатасарај

Франција на последниот Мундијал во Русија триумфираше, а дел од златната генерација е и Стивен Нзонзи (30). Сјајните партии на фудбалерот беа препорака Управата на „волчицата“ да го ангажираат, но по само неколку месеци, тој заминува од Рим.

Челниците на римскиот клуб одлучија да го дадат на едногодишна позајмица во турски Галатасарај. Турскиот клуб може да ја продолжи позајмицата на уште една година за 500.000 евра, а ќе може и да го откупи договорот на Французинот за 16 милиони евра.

Дефанзивниот играч од средниот ред во текот на кариерата настапуваше за Амиен, Блекбурн, Стоук и Севилја.

Scroll to Top