Top Sport

Французите го покажаа својот стил пред Мундијалот (галерија)

Франција е секако една од репрезентациите кои се сметаат за фаворити за светската титула во Русија, бидејќи имаат млад и талентиран состав со славни имиња речиси на сите позиции.

Тимот на Дидие Дешам имаше шанса да се „костумоса“ за официјалната фото-сесија на репрезентацијата пред последните пријателски мечеви и заминувањето за Русија.

Предводени од имиња како Пол Погба, Килијан Мбапе и Антоан Гризман, „триколорите“ паузираа од подготовките во базата во Клерфонтен за фото-сесија со костумите дизајнирани по мерка од Франческо Смалто.

Освен тоа што имаат еден од најдобрите тимови за Русија, Французите сигурно ќе се и меѓу најдобро облечените.

Заден ред: Томас Лемар, Бенжамин Павар, Адил Рами, Алфонс Аерола, Блез Матуиди, Иго Љорис, Грегори Дупон, Рафаел Варан, Оливие Жиру, Стефан Н’Зонзи, Усман Дембеле, Флоријан Товен.

Среден ред: Набил Фекир, Корентин Толисо, Н’Голо Канте (не се гледа), Самуел Умтити, Ги Стефан, Дидие Дешам (не се гледа), Франк Равио, Џибрил Сидибе, Лукас Ернандез, Преснел Кимпембе, Бенжамин Менди.

Преден ред: Пол Погба, Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Стив Манднда.

Scroll to Top