Францускиот фудбалер, Франк Рбери кој од оваа сезона го носи виолетовиот дрес на Фиорентина е прогласен за најдобар играч во Серија А за месец септември.
36-годишниот фудбалер по долгогодишниот престој во Минхен, во тимот на Баерн ја одбра Фиорентина како следна дестинација во богатата кариера и се чини не погреши.
Рибери фантастично ги одигра првите 6 меча за Фиорентина во Серија А. Постигна 2 гола и имаше една асистенција на последните 3 меча со Аталанта, Сампдорија и Милан.
Поради неговите фудбалски перформанси, Серија А го прогласи за најкорисен фудбалер за минатиот месец, а својот МВП трофеј ќе го прими во недела на „Артемио Франки“ кога „виолетовите“ ќе го дочекаат тимот на Удинезе каде настапува нашиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски.
Франк Рибери заработи громогласен аплаус на „Сан Сиро“ поради неговата игра која придонесе Фиорентина нагости да слави против Милан со 3-1.