Top Sport

Фреди Бобич: Јовиќ е мета на големите клубови, одлуката кога ќе ги собереме сите понуди

Српскиот голгетер од Ајнтрахт, Лука Јовиќ ова лето сигурно ќе го напушти клубот од Франкфурт, но голема непознаница е каде ќе ја продолжи кариерата.

Со големо интересирање големите европски клубови ги следат неговите игри, рече спортскиот директор на клубот, Фреди Бобич.

Голгетерот на Ајнтрахт кој моментно е лидер меѓу стрелците во Бундес лигата со 15 гола е мета на Манчестер Сити, Челси, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

„Јовиќ сјајно напредува, одлично игра и дава многу голови. Ќе видиме околу трансферот. Во февруари ништо не се случи, а сега во март „големите“ доаѓаат и го гледаат. Ќе одлучиме кога ќе ги собереме сите понуди“ – вели Бобич за „Скај спорт“.

Јовиќ е на позајмица во Ајнтрахт од португалска Бенфика за само 6 милиони евра, а клубот очекува дека за него може да добие понуда десеткратно повисока.

Scroll to Top