Top Sport

Фреди Љунгберг ќе биде помошник на Емери во Арсенал

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Арсенал, Фреди Љунгберг ќе биде нов помошник на менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери, како дел од промените во тренерскиот состав на лондонскиот клуб.

Љунгберг, кој минатата година се врати во северен Лондон за да биде тренер на У-23 тимот на Арсенал, беше дел од „непобедливите“, славната генерација која ја освои последната титула во Премиер лигата за Арсенал во 2004 година. Поранешниот помошник тренер Стив Булд сега ќе го води У-23 тимот заедно со менаџерот на академијата на Арсенал, Пер Мертезакер.

Љунгберг играше за Арсенал од 1998 до 2007 и имаше 325 настапи, 71 гол и беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во сезоната 2001/02.

„Возбуден сум од оваа шанса да помогнам да се развиваат младите таленти на Арсенал и да се работи покрај тренер како Унаи. Моето искуство може да биде само поголемо“, вели Љунгберг.

Scroll to Top