Top Sport

Фросиноне во Серија А, срцепарателен пораз за Палермо и Македонците (видео)

Додека фудбалските фанови се фокусирани на Светското првенство во Русија, во Италија се водеше рововска борба за пласман во Серија А, и на крајот таму ќе заврши тимот на Фросиноне на сметка на тимот на македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Палермо во првиот меч на Сицилија стигна до 2:1 победа, но таа не беше доволна за вкупен триумф, откако Фросиноне „тепаше“ со 2:0 на домашен терен и следната година ќе игра во елитата. Ова е само вторпат овој клуб да влегува во Серија А.

Што ова точно ќе значи за нашите репрезентативци останува да се види, дали ќе бидат подготвени уште една година да играат во Серија Б или ќе прифатат некоја од понудите за трансфер. За Несторовски подолго време е заинтересиран тимот на Џенова.

Scroll to Top