Фудбал ликс објави неверојатни дополнителни калузули во договорите на најплатените фудбалери во англиската Премиер лига. Овие клаузули често им овозможуваат на фудбалерите да заработат уште една плата. Најлудите клаузули се вметнати во договорите на фудбалерите кои последните сезони ќе менуваа клубовите.
Алексис Санчез (29), во јануарискиот преоден рок дресот на Арсенал го замени со оној на Манчестер јунајтед. Во спротивна насока се пресели Ерменецот Хенрик Мхитаријан. Чилеанецот има годишна плата од 20,35 милиони фунти, а до крајот на договорот, во јуни 2023 година, тој од клубот годишно ќе добива по 1,1 милион фунти како бонус за верност кон клубот. За секој натпревар што ќе го започне Санчез добива по 75.000 фунти.
Секоја сезона која ќе ја заврши со 40 голови и асистенции ќе заработи уште два милиони фунти. Еден милион фунти ќе добие ако со Јунајтед ја освои Лигата на шампионите, а бонус од 500.000 фунти ќе добие доколку Јунајтед ја освои Премиер лигата.
Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, по секоја цена, го сакаше Ромелу Лукаку од Евертон. За да го донесе се согласи да го испрати Вејн Руни на „Гудисон“ и се согласи на Евертон да му исплаќа по 10 милиони фунти за секоја од четирите сезони сезона во која Лукаку ќе постигне најмалку 23 гола. Оваа сезона Белгиецот има постигнато 26 гола.
Евертон ќе добие уште пет милиони фунти доколку Лукаку го продолжи договорот по 2022 година.
Ако тој во една сезона запише 50 голови и асистенции ќе заработи 4,5 милиони фунти. Инаку секоја година тој добива „бонус на верност“, кој изнесува 2,4 милиони фунти. Исто така од маркетингт секоја година на Лукаку му припаѓаат 1,96 милиони фунти.
Вакви договори, не толку луди како во Јунајтед, постојат и во Ливерпул. Вирџил ван Дајк (26), во јануари пристигна на „Енфилд“. Тој има годишна плата од 6,5 милиони фунти, а толку пари доби од Ливерпул само за да го стави својот постпис на договорот. До крајот на договорот од „бонусот за верност“ ќе заработи пет милиони фунти, а откако ќе одигра 150 натпревари за „црвените“, а клубот биде меѓу четири најдобри на табелата, ќе биде награден со четири милиони фунти.
Ако Ливерпул на 22 натпревари во сезоната не прими гол тогаш Ван Дајк ќе инкасира уште 750.000 фунти, а по 22.000 фунти добива за секој гол и асистенција.
Годишната плата на Мохамед Салах во Ливерпул изнесува 6,4 милиони фунти. Секоја сезона што ќе ја заврши со 35 гола и асистенции ќе добие бонус од 2,5 милиони фунти. Оваа сезона Салах бонусот си го доби во февруари.
Some of the figures in this Football Leaks story are hard to fathom…
Mo Salah’s bonuses dwarfed by those given to Alexis Sanchez and Pierre-Emerick Aubameyang https://t.co/h4gTZzIwqe #LFC #MUFC #AFC pic.twitter.com/Xaoq7OIVT0
— Kevin Palmer (@RealKevinPalmer) May 11, 2018
Пјер-Емерик Обамејанг (28), исто така оваа зима пристигна во Премиер лигата. Арсенал за Габонецот плати 56 милиони фунти. Обамејанг има годишна плата од 10,3 милиони фунти, а до крајот на договорот во јуни 2021 година, ќе му бидат исплатени дополнителни 15,5 милиони фунти во четири рати.
Ќе добие бонус од 2,26 милиони фунти доколку Арсенал избори пласман во Лигата на шампионите, а интересно бонусот ќе го добие и оваа година иако клубот нема да игра во Лигата на шампионите наредната сезона. За секој натрпевар што ќе го започне, а Арсенал ќе победи, Габонецот добива 50.000 фунти.
Хенрик Мхитаријан (29), годишно од Арсенал како плата добива 7,5 милиони фунти, а до крајот на договорот, во јуни 2021 година, ќе добие уште 8,65 милиони фунти во неколку рати. Доколку клубот му го продолжи договорот неговата плата автоматски зе зголемува до 12,5 милиони фунти.
German magazine @DerSPIEGEL with more information from Football Leaks. First off is Aubameyang’s contract with Arsenal:
– Aubameyang to get €2.6m (£2.2m) bonus for reaching UCL on top of €11.7m (£10.7m) yearly salary.
– Gets £50k bonus for each game he starts and Arsenal win. pic.twitter.com/vHSzIMatSL
— Yousef Teclab (@yousef_teclab) May 11, 2018
Алваро Мората (25), минатото лето за 57 милиони фунти од Реал се пресели во Челси. Парите од трансферот Реал ќе ги добие во три рати. За потписот на договорот менаџерот на Мората заработи 5,3 милиони фунти, а Шпанецот со Челси дговори годишна плата од 10 милиони фунти. Добива бонус од 830.000 фунти доколу започне половина од натпреварите на челси во една сезона, а ќе инкасира 880.000 фунти за секоја сезона во која ќе постигна најмалку 25 гола.