Top Sport

Фудбал се игра само во 4 држави во светот

Останаа само 4 национални шампионати на планетата каде и понатаму се игра фудбал, во период на пандемија на корона-криза.

Фудбалскиот сојуз на Таџикистан одлучи уште денеска да се игра првенствен фудбал и потоа да следува пауза до 10. мај.
На ваквата одлука влијаат и лошите статистички податоци во борбата против Ковид 19.

За разлика од белорускиот шампионат, на мечевите во Таџикистан се играше без публика.

Освен во Белорусија и Таџикистан, фудбалската топка се тркала и во Никарагва, но и во Бурунди, и тоа на сите 4 континенти, во Европа, Азија, во централна Америка и во Африка.

Наскоро се очекува да се активираат многу лиги на Стариот континент, во државите каде е запрена епидемијата на опасниот вирус.

Во Холандија и во Белгија шампионатите нема да продолжат

Scroll to Top