Фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Матео Песина како да сакаше да покаже како го поминал „летниот распуст“, откако се врати на тренинзи на клубот од Бергамо со потпишана торба од познатиот порнографски сајт „Порнхаб“.
Според италијанските медиуми, торбата на Песина е „посебна“, бидејќи на неа има автограми од повеќе порно-ѕвезди, вклучувајќи ја и Миа Калифа.
22-годишниот Песина, кој е продукт на младинската школа на Милан, потпиша за Аталанта во 2017 година, по што замина на позајмица во Специја. Лани, тој имаше 12 настапи за Аталанта, тим кој се пласираше на третото место во Серија А и ќе игра во Лигата на шампионите.