Неверојатно, но вистинито. Фудбалерот на Барселона, Серџи Роберто, 26 пати бил позитивен на вирусот Ковид-19. Универзалецот во тимот на Барселона, не играше од ноември минатата година, кога се повреди во дербито против Атлетико во Мадрид.
Додека се рехабилитирал од повредата на мускулот, Роберто „закачил“ и коронавирус.
Правилата велат дека за да се врати на терените, заразениот фудбалер мора да има два негативни теста по ред. Роберто не можел да добие ниту еден, иако немал никакви симптоми.
Од 27 пат тестот излегол негативен и тој добил дозвола да се врати на терените.
Во неделата, Роберто, одигра 20 минути, во победата на Барселона над Атлетик Билбао од 2:1.