Крис Лев фудбалерот на Динамо Дрезден им е лут на челниците на Бундеслигата бидејќи неговиот тим во 19 дена одигра седум натпревари.
Ваквиот распоред фудбалерите од Дрезден не успеаја да го издржат, забележаа само една победа и практично од Цвајта испаднаа во третата лига.
На два кола до крајот на Цвајта Динамо Дрезден се наоѓа на последното место со 28 поени, пет помалку од Карлсруе кој е на 16 позиција која обезбедува бараж за опстанок во лигата.
„На челниците на лигата не им е гајле за нас. Ние еб..о го плативме цехот“, рекол низ солзи Лев по поразот од Кил.
https://twitter.com/ftamsut/status/1273719363250634752