Top Sport

Фудбалер на Хамбургер се тепаше со публиката во Дрезден!

Динамо Дрезден го исфрли Хамбургер од ДФБ купот по убедливата 4:1 победа, но дуелот на третолигашот и второлигашот падна во втор план по пресметката на фудбалерот на ХСВ, Тони Лајстнер со навивачите на домашниот клуб.

На трибините во Дрезден имаше околу 10.000 гледачи како дел од постепното враќање на гледачите на германските стадиони и Лајстнер, кој е роден во Дрезден а се врати во Хамбургер од Квинс Парк ренџерс ова лето, очигледно реагираше на некоја провокација – се качи по скалите и грабна еден навивач на Динамо за јаката и го турна на земјата. Потоа се вмеша уште еден навивач пред ситуацијата да се смири.

30-годишниот Лајстнер е поранешен играч на Динамо (од 2010 до 2014 година).

Scroll to Top