Фудбалерот на Партизам, Милош Јојиќ е тем на денот во српските медиуми. Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, кој во минатиот преоден рок се врати во Партизан, ги почестил вработените во клупскиот тренинг-центар.
Во пресрет на празниците, Јојиќ на секој од 55 вработени им врачил плико со 150 евра.
„Целата оваа негативна атмосфера која се создаде со пандемијата на коронавирусот, сакав да ја растурам со овој гест. Сакав да им ги разубавам празниците на луѓето кои ги познавам 20 години“, рекол Јојиќ и дополнил.
„Ситуацијата во клубот е стабилна, платите се редовни. Поради тоа овој гест не треба да негативно да се имплементира, Ние сме едно семејство, една куќа“.