Top Sport

Фудбалер на ПСЖ викендов делеше храна на бездомници во Париз

Фудбалерот на ПСЖ, Моисe Кин во текот на викендот ги воодушеви жителите на Париз. Италијанскиот напаѓач им помагаше на бездомници во главниот француски град – им делеше одредена количина храна.

Овој хуман гест на Италијанецот измами многу насмевки и благодарност од луѓето кои се заборавени од средината.
Штом се дозна за доброто дело на „светецот“, целата француска јавност се крена на нозе за да му заблагодари за добриот пример на спортист.

Инаку, Кин потекнува од сиромашните делови на Африка, а во детството почувствувал на своја кожа што значи да се немаат основни намирници за живот.

Scroll to Top