Top Sport

Фудбалер на Вулверхемптон се шокирал кога си го видел „БМВ“

Играчот на Вулверхемптон, Рајан Бенет, доживеал вчера непријатно изненадување, кога забележал дека автомобил, паркиран пред неговиот дом е без пневматици.

Бенет, ја контактирал веднаш полицијата, за да пријави дека некој во текот на ноќта му ги украл гумите од автомобилот „БМВ“, за кој платил 60.000 фунти.

„Убаво е кога ќе станеш од спиење и кога ќе забележиш дека некој идиот ти ги украл гумите од автомобилот. Доколку некој добие посебна понуда за гуми „Данлоп“ со посебни бандажи веднаш нека ме контактира“, напишал фудбалерот на „Твитер“ и понудил награда за информација што ќе го открие крадецот.

Scroll to Top