Поранешниот италијански фудбалер (28) и модел Џовани Падовано е осуден на доживотен затвор за убиство на својата поранешна девојка Алесандра Матеучи (56).
Се се случило само неколку недели откако таа го пријавила дека ја демне. Падовани ја чекал пред куќата и ја претепал, по што таа починала.
Поранешниот фудбалер ја забележал додека разговарала на телефон со нејзината сестра Стефанија, која слушнала врисоци, додека ја нападнал прво со чекан и тупаници, потоа со бејзбол палка, а на крајот и со клупа која ја нашол од блискиот парк.
Italian footballer and model Giovanni Padovani, 28, is jailed for life for stalking and beating his ex-girlfriend, 56, to death with garden furniture https://t.co/wUDLPgzt7L pic.twitter.com/WtHpAawF0d
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 12, 2024
„Таа излезе од автомобилот и почна да вика: „Не, Џовани, те молам“ Бев на телефон. Веднаш повикав полиција, која набрзо пристигна“, изјави сестрата на убиената.
Брзата помош набрзо реагирала, но спас немало.
Падовани и пред ова злосторство извршил насилство врз својата поранешна девојка. Тој кршел работи околу нејзината куќа, постојано и се јавувал и пишувал по раскинувањето, поради што го пријавила во полиција. Тоа сепак не го спречило, па се обидел да и го оштети автомобилот и соседите го виделе како се качува на терасата, како што пишува „Дејли мејл“.
Текстот Фудбалер осуден на доживотен затвор за убиство на поранешна девојка, ја нападнал со чекан и тупаници е превземен од МАКФАКС.