Фудбалер во Израел кој се бранел од напад на хулиган добил црвен картон. Инцидентот се случил на натпреварот Макаби Петах Тиква-Хапоел Тел Авив.
Хулиганот, успеал да мине крај обезбедувањето, влетал на теренот, удрил еден играч на Хапоел, а потоа бил соборен од Еди Готлиб.
Готлиб кој се бранел од хулиганот, на крајот добил црвен картон.
Целиот инцидент се случил во финишот на натпреварот, па и со играч помалку Хапоел успеале да го одржат резултат 1:1 до крајот на мечот.