Неверојатен инцидент го обележа натпреварот во фудбалскиот шампионат на Боливија помеѓу Спорт бојс и Насионал.
Тренерот на Насионал во 34.минута решил да го извади од игра Бразилецот Тијаго Дос Сантос. Незадоволен од одлуката на тренерот, фудбалерот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа тргнал и физички да се пресмета со него.
Бесниот Дос Сантос некако успеала да го смират членовите на стручниот штаб и соиграчите. Потоа тој продолжил да дивее, ја кршел клупата каде што седат резервните фудбалери, поради што насилникот морал во полициска придружба да биде остранет од стадионот.
Инаку натпреварот заврши со победа на Спорт бојс 4:0