Top Sport

Фудбалери во Германија договориле резултат кој им одговара на двете екипи

Ретко видена ситуација се случи на натпреварот од германската четврта лига помеѓу ФСВ Франкфурт и СВ Елверсберг. Во последните 12 минути од натпреварот, при резултат 1:1, ниту еден од тимовите не напаѓаше, бидејќи резултатот им одговараше и на двата тима.

За Елверсберг тој резултат значеше пласман во трета лига, а за Франкфурт опстанок во четвртата.

Дефанзивците на Елверсберг ја држеа топката во последните 12 минути, а противниците не ги нападнаа.

Веднаш по судискиот свиреж, играчите на двата тима заедно го прославија нерешениот резултат.

„Тие не сакаа да напаѓаат, а ние не сакавме да им ја земеме топката. Тоа ми е разбирливо. И други два тима би го направиле истото”, изјави спортскиот директор на ФСВ Франкфурт, Томас Брендел.

Scroll to Top