Top Sport

Фудбалери во „пеколна“ форма – Салах го стресе „Метрополитано“, Мбапе со нов гол

Мохамед Салах и Килијан Мбапе покажаа дека се во фантастична голгетерска форма, откако во првите 10 минути од мечевите во Лигата на шампионите постигнаа голови за своите тимови.

Ливерпул на „Ванда Метрополитано“ против шпанскиот шампион Атлетико Мадрид дојде во водство уште во 8. минута, откако египетскиот „магионичар“ даде убав гол од далечина, продолжувајќи ја својата неверојатна форма. „Црвените“ само пет минути подоцна зголемија на 0:2 преку Наби Кеита да најават „потоп“ на тимот на Диего Симеоне.

На „Паркот на принцовите“ пак, Мбапе имаше сензационален соло-гол во 10. минута против РБ Лајпциг за водство на ПСЖ.

Scroll to Top