Top Sport

Фудбалерите 75. на ФИФА листата

ФИФА, во четвртокот, ја објави најновата ранг луста, на која фудбалсјата репрезентација на Македонија назадуваше за една позиција.

Македонија на најновата листа ги замени местата со Ситија и сега се наоѓа на 75. позиција.

Можност да го поправи рејтингот Македонија ќе има кон крајот на овој месец кога во Анталија ќе одигра два пријателски натпревари против Финска и Азербејџан.

Од селекциите од поранешна Југославија на листата најдобро котира Хрватска (15.место), Србија (340, Босна и Херцеговина (41), Црна Гора (48), Словенија (62) и Косово (176).

Инаку најдобрите десет во светот ги задржаа местата од претходното рангирање на првото место е Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Франција, Чиле.

Scroll to Top