Светската фудбалска федерација (ФИФА), во четвртокот, ја објави последната ранг листа за оваа година, која фудбалската репрезентација на Македонија ја заврши на 76.позиција.
Националниот тим од почетокот до крајот на годината напредуваше за цели 86 места, најмногу од сите репрезентации.
Македонија 2017 година ја започна на 162.место, а во март беше на 166.позиција. Сепак успешните резултати во наредните осум месеци, кога избранците на Игор Ангеловски забележаа само еден пораз, од Шпанија, а одиграа нерешено со Италија и Албанија и го совладаа Израел, донесе рапиден скок на листата.
Инаку на последната ФИФА листа за 2017 година нема промени ниту ммеѓу првите десет. Германија е на првото место пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.