Top Sport

Фудбалерите до 18 години поразени од Романија на вториот тест

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години забележа пораз на втората контролна пресметка против соодветната селекција на Романија. Во вториот меч, домаќинот, Романија на тренинг центарот „Буфтеа“ победи со 2:0.

Головите беа постигнати во последните десет минути од мечот. Македонија преку Митров ја имаше најсериозната шанса за гол на овој дуел.

Првиот контролен натпревар меѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.

Scroll to Top