Кевин де Брујне го повтори успехот на Кристијано Роналдо и Тјери Анри, откако плејмејкерот на Манчестер сити втора година по ред ја освои наградата за најдобар фудбалер оваа сезона во изборот на самите фудбалери во Премиер лигата.
Де Брујне ги победи своите соиграчи од Сити, Рубен Дијаш, Илкај Гундоган и Фил Фоден, како и Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед и Хери Кејн од Тотенхем, за да ја добие наградата за која гласаат сите членови на Синдикатот на фудбалери во Премиер лигата (ПФА).
„Тоа што фудбалерите гласаа за мене значи дека сум имал добра сезона. Сакаш да ги освоиш сите трофеи со својот тим и ова е можеби највредната индивидуална награда во Премиер лигата. Фудбалерите, тие со кои се соочуваш секој ден, според мене знаат најмногу за фудбалот. Ќе ги покажувам овие трофеи на моите деца“, вели 29-годишниот Белгиец.
Де Брујне имаше 10 гола и 18 асистенции во 40 настапи за Сити, а пропушти 12 меча поради повреда. Фоден, за утеха, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата, победувајќи ги Букајо Сака (Арсенал), Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед), Деклан Рајс (Вест хем), Мејсон Маунт (Челси) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).
Very honoured and proud to receive this award twice in a row! ? @PFA pic.twitter.com/H47FZPOLM3
— Kevin De Bruyne (@DeBruyneKev) June 6, 2021