Top Sport

Фудбалерите ја стартуваа мисијата за Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за новиот циклус во Лигата на нации. Ќе недостигаат неколку значајни актери, пред се капитенот Стефан Ристовски и Аријан Адеми, но и Тихомир Костадинов, Ердал Ракип и Адис Јаховиќ. Сепак, селекторот Благоја Милевски повика и нови имиња за овој циклус, од кои очекува да се докажат низ натпреварите.

„Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024. Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока“, вели селекторот Милевски.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top