Бранителите на трофејот Аргентина се првите полуфиналисти на Копа Америка, бидејќи во четвртфиналето го елиминираа Еквадор со подобро изведување пенали (4:2 пенали, 1:1 во регуларното време).
Аргентина поведе пред речиси 70.000 навивачи во Хјустон со голот на Лисандро Мартинез во 35. минута.
Стоперот на Манчестер Јунајтед беше стрелец со глава по корнерот на Алексис Мекалистер.