Top Sport

Фудбалерите на Атлетик зборуваат баскиски за да ја сокријат тактиката?

На дел од мадридските медиуми им пречеше што фудбалерите на Атлетик Билбао меѓу себе зборувале на баскиски јазик во текот на четврт-финалната победа над Реал Бетис, иако од клубот објаснуваат дека тоа се прави не поради национализам туку поради желбата тактиката на тренерот Марселино да остане тајна.

ТВ програмата „Чирингито“ смета дека е контроверзно што Ињаки Вилијамс, фудбалер кој е роден во Баскија (што е услов да се игра за Атлетик), но има потекло од Гана зборувал на баскиски (еускера) во текот на мечот.

Секако, немаше проблем кога Марсело и Кристијано Роналдо комуницираа на португалски во Реал Мадрид, ниту кога Антоан Гризман и Усман Дембеле зборуваат француски во Барселона. Лани, самиот Вилијамс призна дека баскискиот јазик се користи како „тактика“.

„Вистина е дека понекогаш зборуваме баскиски за да не не разберат. Понекогаш, посебно при изведувањето на корнерите, да кажеме дали да оди на прва или втора статива“, изјави Вилијамс.

Иманол Алгуасил, тренерот на уште еден баскиски клуб, Реал Сосиедад, денеска на прес-конференција објасни дека зборуваат баскиски бидејќи тоа е нивниот мајчин јазик, но и за да се сокрие тактиката на неговиот тим.

Scroll to Top