Top Sport

Фудбалерите на Баерн се побуниле против Ковач, му се подготвува отказ?

Кризата на Баерн Минхен нема крај. Според германскиот весник „Билд“ по новиот кикс – 3:3 ремито со Фортуна во саботата, дел од фудбалерите на баварскиот гигант отворено застанале контра тренерот Нико Ковач.

Според весникот, голем дел од фудбалерите биле незадоволни од статусот под Нико Ковач, откако Баерн нема победа на последните три натпревари во Бундеслигата и веќе заостанува девет поени зад Борусија Дортмунд.

Претседателот на клубот, Ули Хенес изјави дека за иднината на тренерот ќе разговара со фудбалерите, додека капитенот Мануел Нојер даде двосмислена изјава по натпреварот.

„Да го послушавме тренерот и да го имплементиравме тоа што требаше, ќе победевме со 5:0“, изјави Нојер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top