Top Sport

Фудбалерите на Хајдук пред дербито со Динамо на журка со коцка, алкохол и пршут!

Неколку дена пред дербито со Динамо Загреб, навивачите на Хајдук на Фејсбук објавија фотографии на кои неколку фудбалери на сплитскиот клуб се во добро расположение со алкохол, коцкање и пршут!

Стипе Вучура, Андреу Фомичов и Стелијан Филип, тројцата дефанзивци кои беа на удар на критиките поради слабата игра и резултатите на Хајдук, очигледно добро се забавуваа. Хајдук е само шести во хрватската лига со малку шанси за борба за титулата, која последен пат ја освоија во далечната 2005 година.

Хајдук, засега, официјално не одговори на фотографиите.

Scroll to Top