Македонската фудбалска репрезентација попладнево отпатува за Манчестер, каде во понеделник, ќе и гостува на Англија во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.
Во понеделник, Македонија, трет пат ќе гостува во Англија во еден квалификациски циклус. Претходните две беа успешни, 0:0 во Манчестер и 2:2 во Саутемптон.
Македонија и Англија вчера ги одиграа првите натпревар од јунскиот квалификациски циклус. Англија ја оправда фаворитската улига против Малта, додека Македонија не издржа против Украина, по водството 2:0, загуби 2:3.
Англија е лидер во Ц-групата со девет бода од три одиграни натпревар, Македонија со натпревар помалку има три бода, колку што досега освоија Италија и Украина.