Top Sport

Фудбалерите на Ријека со помош на полицијата заминаа од стадионот

Хајдук ја продлабочи кризата на Ријека. Екипата од „Рујевица“ се наоѓа во серија од пет порази. Во дербито Хајдук победи во Ријека со 1:0. Домашниот тим не реализираше пенал во 96.минута. Првото полувреме од дербито го одигра македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Поради епидемиолошките мерки, мечот се одигра без публика, меѓутоа навивачката група на Ријека, „Армада“, натпреварот го следеше од ридот над стадионот.

Откако им порачаа на фудбалерите дека се „пи..и“ и дека „ќе добијат ќотек“, тие еден час го блокирале влезот на стадионот.

Дури потоа припадниците на полицијата успеале да нарават некаков ред и да им овозможат на фудбалерите со своите автомобили да заминат од стадионот.

Веднаш по поразот тренерот Симон Рожман си поднесе оставка на функцијата.

Scroll to Top