Top Sport

Фудбалерите на Вараждин победија со 29-0

Екипата на Вараждин забележа неверојатна победа во осмина-финалето во Жупанискиот куп, кој се игра во рамките на Купот на Хрватска. Вараждин славеа над ШНК Карловец со 29:0!

Најистакната фудбалер на овој меч беше Скоруп кој постигна девет голови. Овој фудбалер во Вараждин настапува како позајмен играч од Хајдук Сплит.

По пет гола постигнаа Петковиќ и Главица, четири Обрегон.

Scroll to Top