Локалниот весник „Ил кориере дел мецоџорно“ тврди дека дека дел од фудбалерите на Наполи (не сме сигурни за нашиот Елиф Елмас), сакаат Џенаро Гатузо да остане на чело на клубот, иако „Скај спорт Италија“ додава дека разделбата е неизбежна.
По 4:1 победата над Специја, Наполи се во позиција која води во Лигата на шампионите, но Јувентус и Милан имаат натпревар помалку. Се веруваше дека Рино ќе потпише продолжување на договорот на крајот на минатата година, но односите со претседателот Аурелио де Лаурентис се „распаднаа“ и речиси сигурно тој ќе го напушти „Стадио Диего Армандо Марадона“.
Што ќе значи ова за Елмас останува да се види, бидејќи е јасно дека под Гатузо едноставно не добива доволно шанси да го покаже својот талент како во дресот на македонската репрезентација.