Дејан Љубичиќ и Даниел Судар, фудбалерите со австриски пасоши, кои во четвртокот навечер фрлаа шишиња на џамијата во Кисељак, Босна и Херцеговина, се извинија на имамот Кенан Бајриќ и на жителите на малото градче.
„Сакам да се извинам на сите тука. Тоа што го направив нема да се повтори. Се извинувам на сите од муслиманската вера и ќе имам контакт со нив за да ја поправам штетата која ја направив“, изјави Љубичиќ.
Љубичиќ настапува за австриската младинска фудбалска репрезентација и е фудбалер на Винер Нојштад, исто како и Судар, кој доаѓа од јуниорската школа на Рапид Виена.
„Срам ми е од тоа што го направив и се извинувам на сите пријатели муслимани и на моето семејство кое го засрамив“, изјави Судар.