Top Sport

Фудбалерките на Челси со трета титула во низа

Челси ја освоија третата титула еднопоруго во Женската суперлига (ВСЛ) во Англија по 4:2 победата над Манчестер јунајтед во последното коло, заддржувајќи ја предноста пред Арсенал, кои со 2:0 беа подобри од Вест хем.

Тимот на Ема Хејс има четири титули во последните пет сезони, и може да ја освои двојната титула, откако следната недела играат во ФА куп финалето на „Вембли“ против Манчестер сити.

Манчестер јунајтед ја завршуваат сезоната на четвртото место, и без пласман во Лигата на шампионите (исто како и машкиот тим), откако Манчестер сити со 4:0 ги победи Рединг за третото место.

Scroll to Top