Top Sport

Фудбалерот Ејупи уапсен во Копривница

Музафер Ејупи еден од најдобрите фудбалери на Славен Белупо вчера бил уапсен откако на улица во Копривица, заедно со свој пријател претепал 53 годишен маж. Според локалните медиуми, тепачката настанала поради место за паркирање. Еден од тројцата мажи се здобил со тешки телесни повреди.

Полицијата во Коприцница го потврди инцидентот, со напомена дека истрагата која треба да открие што се случувало во центарот на градот е во тек.

„Вчера, на 25 септември околу 19.40 часот во Кпривница, во улицата „Антун Немчиќ“ дошло до физичка пресметка помеѓу тројца мажи на возраст од 53, 32 и 31 година. Мажот на возраст од 53 години се здобил со тешки телесни повреди, додека 32 и 31 годишниците се полесно повредени. Две лица се уапсени, а истрагата е во тек“, стои во полициското соопштение.

Прашање е дали и како овој инцидент ќе влијае врз статусот што го има Ејупи во клубот.

Ејупи од 2015 година игра во Хрватска, во периодот 2015-2016 за Славен Белупо постигнал 24 гола на 49 натпревари, потоа три сезони минал во Осјек, а летово се вратил во екипата од Копривница.

Музафер Ујупи во кариерата има одиграно пет натпревари за У-21 репрезентацијата на Македонија и два натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.

Scroll to Top