Дефанзивецот на Ливерпул, Џон Фланаган се изјасни како виновен за напад на неговата девојка Рејчел Вол пред Божиќ.
Фланаган беше обвинет по инцидентот со Вол, инаку мајка на две деца, во центарот на Ливерпул во 3.20 часот наутро во петокот на 22 декември. 25-годишниот дефанзивец се појави на судот во Ливерпул, каде што се пушти снимката на која се гледа како тој ја тепа Вол, со која е во врска повеќе од 18 месеци.
Неговиот адвокат тврдеше дека двајцата биле под дејство на алкохол и дека и покрај инцидентот тие уште се заедно.
„Обвинетиот е професионален фудбалер и тренира напорно секој ден и затоа ретко излегува. Тој не е постојано на суд поради погрешни работи – ова беше изолиран инцидент“, изјави неговиот адвокат.
На снимката се гледа како тој неколку пати ја удира девојката со раце, а еднаш и со нога. Пресудата ќе биде објавена на 17 јануари.
Фланаган, кој е роден во Ливерпул, има повеќе од 50 настапи за првиот тим на Ливерпул по дебито како 18-годишник. Во 2016/17 тој беше позајмен играч на Барнли по паузата од 20 месеци поради повреда, а оваа година има само еден настап во Лига купот против Лестер (меч кој Ливерпул го загуби).