Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Џорџ Веа е избран за нов претседател на Либерија, откако победи во 12 од 15 области во западноафриканската земја.
„Сакам да ви заблагодарам на сите, на целиот либериски народ за честа која ми ја пруживте. Ова е голема надеж за сите нас“, напиша Веа на Твитер.
Поранешниот напаѓач на Милан, Челси и ПСЖ станува 25. претседател на Либерија, откако го победи 73-годишниот Џозеф Боакаи, кој беше претседател последните 12 години. 51-годишниот Веа успева во вториот обид да стане претседател откако во 2011 година ги загуби изборите.
Тој беше крунисан за најдобар фудбалер на светот во 1995 година, победувајќи го Германецот Јирген Клинсман.
Веа е реализатор на еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот, во дресот на Милан против Верона.
21 years ago today, George Weah coast to coast in 14 seconds; outpaced and outclassed seven gentlemen of Verona pic.twitter.com/bvADcLrdsZ
— Mohamed Moallim (@iammoallim) September 8, 2017